Барса не победи ни без Куман (ВИДЕО)

200

Иако го сменија Куман, Каталонците не успеаја да ја сменат и сликата која ја оставаат на терените во Шпанија. Вечерва во послендиот дуел од 12. коло, Барселона одигра само 1:1 во дуелот со Алавеш.

По првото полувреме без голови, радоста на трибините ја донесе Мемфис Депај со еден ефектен гол во 49. минута. Сепак, насмевките на „Камп Ноу“ згаснаа само три минути подоцна,кога по една филигрански изработена акција, Риоха го помина и Тер Штеген и ја смести топката во мрежата на домашните за 1:1.

Барселона нема победа ни трет меч во низа, а со 16 бода засега е на 9. место на табелата во Ла Лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноКаков потег на Дурент, го фрли на земја противникот (ВИДЕО)
СледноЧикаго држи чекор со самиот врв (ВИДЕО)