Голем бод за Тиквеш среде Тетово. Имено момците на стратегот Влатко Костов одиграа 1:1 и тоа на теренот на актуелниот шампион, кај Шкендија. Исход кој ретко кој го очекуваше, но не и кавадарчни кои пред мечот ветија изненадување, така и беше.
Свој коментар за овој меч има Влатко Костов, кој за „Спортмедиа“ истакна…
“Важен бод за нас, по се она што ни се случи на мечот со Скопје се чини дека го вративме тој бод. Храбра игра на Тиквеш, едностабно играчите ги одработија на најдобар можен начин задачите на струшниот штаб. Јас им честитам на играта и на резултатот, апсолутно заслужено. Се знае која е Шкендија и ова реми за нас е голема работа. Честитки и за домашниот клуб за фер и коректната игра. Јас сум многу среќен и задоволен од се она што беше во Тетово“ заврши Костов.