Миовски со петти гол сезонава за реми на МТК (ВИДЕО)

224

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна и петтиот сезонски погодок за својот МТК во мечот од 11. коло против Дебрецин во кој дојде до поделба на бодовите.

МТК и Дебрецин одиграа 1:1, а единствениот гол за домашните кој беше и прв на мечот го постигна нашиот интернационалец уште во 12. минута на средбата.

За Миовски ова е прв гол по пауза од еден месец, откако последен пат беше стрелец за МТК на меч во септември против Мезоковеди. МТК со овој бод е на 9. место во унгарското првенство.

 

ПретходноГостивар ги преслуша „ангелите“ и го запоседна врвот
СледноЕтеми поразен во првиот настап на СП во Белград