Во сенка на сензационалниот триумф на младите ракометари на Е. Пелистер 2 против Вардар, уште една информација од спортска Битола. Имено Димитар Капинковски не е веќе шеф на струката на ФК Пелистер. Тој попладнево, по поразот од Македонија ЃП со 2:0 под „Тумбе Кафе“, си даде неотповиклива оставка. Оваа вест ни ја потврдија и од раководството на клубот. За наследник на Капинковски ќе се размислува во наредните денови, а дека ќе биде тешко тоа е јасно. Имено Пелистер во изминатите 12 кола нема победа, освои само 4 бодови, и се чини дека уште сега може да се каже дека во наредната сезона ќе игра во Втората лига.
Оваа оставка на Капинковски и не е никаква сензација,сосема очекувано ако се знае каде беше Пелистер под негово водство.