За неверување, но сепак статистиката не лаже. Имено Лео Меси според досегашниот учинок во дресот на ПСЖ, ги сметаме само мечевите во Лига 1, е најлошиот напаѓач во Европа, поточно во европските лиги, оние поелитните.
Имено досега Аргентинецот нема постигнато гол за ПСЖ во Лига 1. Има упатено 15 удари кон противничките голови, но ниту еднаш ја нема тресено мрежата. Кога играше во Барселона ова беше незамисливо. Тоа и го коментираат фановите на ПСЖ, кои никако да сфатат дека нивниот Меси, иконата на светскиот фудбал, не може да им даде голови на просечни европски клубови кои играат во Лига 1.
Јасно е дека мина времето на аклиматизација на аргентинскиот фудбалски магионичар во Париз на “Паркот на Принцовите“, и сега е време тој да заблеска. Но повредите се чини дека си го прават своето.
А ПСЖ победува, но победува на “мускули“, се виде и синоќа на дербито со Лил, тоа не беше добра игра на тимот на Покетино, туку блесок на Ди Марија, сосема доволно за три нови бода.
А, Меси?
Е, па Лео мораше да искочи на полувреме, дали поради повреда или поради тоа што беше ужасен на теренот, не се знае. Тоа го знае само Покетино.