Црна сабота за фаворитите во Англија, само Челзи победнички (ВИДЕО)

156

ФОТО: Ливерпул/Фејсбук 

Ливерпул и Манчестер Сити кикснаа во рамките на 10. коло во Премиер-лига. Најголем губитник е тимот на Пеп Гвардиола, кој на домашен терен беше совладан со 0-2 од Кристал Палас за втор пораз оваа сезона.

Заха уште во шестата минута донесе водство на гостинскиот тим, на другата страна Ајмерик Лапорт заработи директен црвен картон во вториот дел, па Сити не се снајде најдобро. Хесус постигна гол за израмнување, истиот беше поништен поради офсајд. Конечните 0-2 ги постави Галагер.

Ливерпул одигра реми против Брајтон 2-2. Хедерсон го отвори мечот по четири минути, Сане го зголеми водството, по што следеше пресврт. Мвепу пред одморот намали на 2-1, конечните 2-2 ги постави Тросар.

Челзи немаше проблем на гости кај Њукасл Јунајтед (0-3). Џејмс постигна два гола, конечниот резултат го постави Жоржињо.

ПретходноКостов по ремито со Шкендија: Храбар Тиквеш, ова е голем бод за нас!
СледноЕкс-фудбалер на Порто и ЦСКА Софија почина од леукемија