„Ѓаволите“ го освоија Лондон, Солскјер може да здивне (ВИДЕО)

161

По дебаклот од Ливерпул на домашен терен минатиот викенд, Манчестер Ј. се врати со голема победа вечерва во дербито на 10. коло во Премиерлигата против Тотенхем. Момците на Оле Гунар Солскјер успеаја за момент да ги смират своите фанови, откако го добија дербито во Лондон со убедливи 3:0.

Кристијано Роналдо ја најави победата на гостите со погодокот во 39. минута за предност на гостите на полувреме од 1:0.

Во вториот дел иако Тотенхем тргна во обид да израмни, „црвените ѓаволи“ беа подготвени да го дотолчат ривалот. Кавани со прв гол сезонава во 64. минута зголеми на 2:0, а конечните 3:0 беа дело на Маркус Рашфорд во 86. минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПелистер остана без тренер: Капинковски си поднесе оставка!
СледноТиквеш во турбо-ритам, падна и Струга!