Алегри со тешко признание: Јувентус е тим за средина на табелата!

217

„Зборовите се излишни. Потребно е многу работа. Ситуацијата на табелата е многу лоша. Имаме само 15 бода и мораме да преземеме одговорност за тоа. Мораме да ја прифатиме реалноста дека сме тим за средина на табелата. Со поинаков дух, многу добиени дуели можеме да се извлечеме одовде“.

Ова е изјавата која ја даде тренерот на Јувентус, Макс Алегри по денешниот, нов тежок пораз во Серија А. „Старата Дама“ загуби на гостувањето во Верона со 2:1 и врза два порази во низа кои го оставија екс-шампионот на 9. место на табелата.

Јувентус не знае за победа на три последователни меча во Серија А што ги разгневи фановите, кои сезонава со враќањето на Алегри чекаа враќање на врвот и битка за Скудетото.

ПретходноРаботнички и Наковски Волеј продолжија со победи
СледноСелекторот на Сиера Леоне заврши во затвор откако сексуално малтретирал фудбалерки