Ал Сад: Чави и натаму е наш тренер

144

Јавноста во Шпанија веќе го прогласи Чави за наследникот на Роналд Куман на местото тренер на Барселона и во деновите кои следуваат оваа операција веројатно ќе биде компелтирана.

Но она што пак во моментов е важно да се каже е дека Чави, има актуелен договор со тимот на Ал Сад, кој што вчера на социјалните мрежи објави дека шпанецот и натаму е тренер на овој клуб, и дека е фокусиран единствено на мечевите кои следуваат.

Од друга страна пак, Ел Мундо Депортиво објави дека сегашниот клуб нема да му прави никакви проблеми на Чави за да се пресели во Барселона, само би го замолиле да остане уште две недели и да ги одработи последните два меча по што следи двомесечна пауза во тамошниот шампионат.

„Јас сум во одлични односи со Чави. Разговараме веќе еден месец, и знам што мисли за нашиот тим. Не можам да ви кажам повеќе детали но одсекогаш велев дека тој во еден момент ќе ја води Барселона“ – изјави пак првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.

 

ПретходноЛеброн „удри“ против „својот“ Кливленд
СледноСекулов во Јувентус до 2025