Амановиќ со Тобол стана шампион на Казахстан!

157

Алекса Амановиќ, некогашниот македонски репрезентативец во У-21 селекција, денеска со својот Тобол стана шампион на Казахстан. Секако дека ова е голем успех на Амановиќ и Тобол, ако се знае дека главниот фаворит за титулата, тимот на Астана заврши како втора со четири бода помалку. Во последното 32.коло, ко се играше денеска, Тобол со Амановиќ во стартниот состав победи на гости кај Акжијак со 2:0, што беше сосема доволно за освојување на пехарот. Додека Астана дома ремизираше 1:1 против Туран.

Инаку Алекса Амановиќ во Тобол направи трансфер во февруари минатата година и тоа од српскиот тим Јавор, и за овие 1,5 години минати во казахстанскиот шампион, беше еден од најдобрите негови играчи.

ПретходноСтоле – херојот на Рајо: Тешко е да се бранат пенали, но тоа се тренира!
СледноНаполи му го честиташе роденденот на Марадона