Ах, Пелистер: На толку ветувања клубот е закован на дното!

924

ФОТО: BitolaNews

Почна и вториот круг од домашниот фудбалски шампионат а во Битола ништо ново. Очај, беда и нов пораз! На дното се „зелените“ на табелата и таму се веќе подолго време. Единствени без победа во 12 меча, единствени кои добија толку ветувања, имаа толку многу сликања, нови газди, па спонзори – а од сето тоа резултатот е ДНО на табелата.

И како во секој клуб, а Пелистер е голем клуб – по едни вакви очајни резултати треба да се има образ, да се превземе обрска, да се лоцира проблемот, да се направи некоја измена за да се обидат да тргнат, да победат, да фатат приклучок во битката за опстанок.

Попладнево Македонија Ѓ.П која исто така е во криза успеа да стигне до победата на „Тумбе кафе“. Рано водство, па и втор гол за победа на теренот кој порано а не сега важеше за жежок, за опасен, за тежок. Битола добива модерен стадион но тимот и оние кои го водат се далеку од модерни.

Растрчани по други лични интереси и со ветувањата „ЌЕ“ и „АКО“ но не и се сега и веднаш. Дробење на „празна слама“, со најави за нешто големо и обид за залажувања кои носат понижување за клубот, навивачите, играчите – за битолчани. И така растрчани по кампањи и интереси го оставаат Пелистер на дното, без победа и со ниско обвинување дека се цвета како треба а судиите им биле виновни.

Тоа е немање образ! И се така си минува, поминува без излез од кризата без светло во тунелот. Фудбалскиот клуб како и многупати досега е жртва на нефудбалски теми, идеи, интереси… Спас се гледа во новиот спонзор, во новите финансии. Многунајави и сликања но никаде нема контретна акција.

И само кај нас клуб може да купи фирма која е регистрирана од „вчера“, само кај нас се така ќе помине без претходна проверка и контрола. Вакви приказни во Битола се случуваат секоја година, секоја промена на власт, секои избори. Не беше толку далеку кога слушавме за комбинациите од Бразил, за проектот нов „Лудогорец“, и еве овој најновиот проект кој се случи пред неколку недели а од тогаш до сега Пелистер има три порази во серија во шампионатот.

И додека тимот е закован на дното некои си тераат свои агенди, интереси а немаат ниту кадар а ниту знаење за бидат таму каде што се. Ова е воедно и голем срам и удар за фудбалска Битола со сите тие фудбалски имиња и легенти кои се од овој град – градот на Пелистер, „Тумбе Кафе“, „Чкембарите“… Зраем не им е срам да го гледаат клубот закован на дното со само 4 бодови од 12 натпревари!?

Претходно„Баварската машина“ запиша апсолутен рекорд во Бундес лигата (видео)
СледноКостов по ремито со Шкендија: Храбар Тиквеш, ова е голем бод за нас!