„Бомба“: Конте на чекор до “Камп Ноу“, а прв „пик“ на Јунајтед сега е Роџерс!

901

Како што минуваат деновите, се чини дека Антонио Конте е се подалеку од клупата на Манчестер Јунајтед. Сепак утринава медиумите на Островот лансираат “бомба“, во која стои дека италијанскиот стратег, тренерот кој беше шампион со Јуве, Челзи и Интер, е блиску до клупата на Барселона.

Ова звучи неверојатно, посебно ако се знае дека, барем според изјавите на блиски луѓе до клубот, Барселона, односно Хоан Лапорта веќе го договорил Чави Ернандез, клупската легенда на Барса, да ја преземе екипата на крајот на следниот месец.

Сепак, сепак во Барса се разгледувале и некои други опции, повеќе од јасно е дека Серхи Бархуан е привремено решение. По тие најави и самиот Конте немал ништо против да дојде на “Камп Ноу“.

А и самата изјава на Чави, во која тој вели дека засега го интересира само Ал Саид, веројатно нешто говори во прилог дека се уште нема конечен договор меѓу него и Барса.

Што се однесува пак до Јунајтед, најновите информации од Островот велат дека сега прв „пик“ на “ѓаволите“ бил Брендан Роџерс. За ова решение свој „амин“ дал и Алекс Фергусон, сега останува да се види како на ова ќе реагира Лестер, актуелниот клуб на Брендан Роџерс.

ПретходноУжасна статистика: Меси е најлошиот напаѓач во Европа!!!
СледноЛиверпул против Лестер во 1/4 финалето на Карабао Купот!