Каков меч во Битола. Актулениот македонски го потцени вториот тим на Е.Пелистер, дојде комотно, но наиде на силен отпор. И не само тоа, туку беше совалдан со 27-26 за прв пораз оваа сезона.
Она што не им успеа на Жељко Бабиќ и ѕвездите, им успеа на ракометарите на Александар Јовиќ. Вардар на оваа средба поведе само еднаш, на стартот со 0-1, во преостанатиот дел беше немоќен.
Атанасијевиќ имаше шест гола, по четири запишаа Кузманоски и Петковиќ, кај гостите Георгиевски и Моралес имаа по шест погодоци.
Битолчани од стартот го наметнаа своето темпо, поведоа со 6-3, па со 12-7. Вардарци на спротивната страна беа немоќни, Е.Пелистер 2 ја имаше и поддршката од „Чкембари“ кои се мобилизираа токму за оваа средба. Носени од одличната атмосфера на одморот имаа предност од 14-11.
Многумина мислеа дека Вардар ќе се врати експресно, напротив, избраниците на Јовиќ продолжија да газат, водеа со пет гола разлика (17-12), Трајковски беше одличен на своја мрежа. Вујовиќ никако не успеваше да ги разбуди своите играчи.
Македонскиот првак во составот го немаше Тимур Дибиров, Кевин Њокас, Анте Кудуз, Патрик Валчак, Диало, Чувара, па тешко одеше без нив, особено без Дибиров, кој моторот на тимот. Сепак ниту ова не е оправдување.
Битолчани одржуваа предност од четири гола (22-18), позитива која ја имаа до 49. минута. Скопјани со три гола во низа спуштија на минус еден (22-21), па на 23-22. Дуелот влезе во неизвесна завршница.
При 24-22 во 56 минута, битолчани остнаа со играч помалку. Георгиевски од седум метри и Талески, израмнија на 24-24. Во последната минута и пол беше вистинска битка, се чекаше кикс на еден од тимовите, а тоа беше Вардар.
Со два гола во низа, Е.Пелистер ја обезбеди големата победа. На крајот Вардар само го ублажи поразот (27-26).
Ова е голем кикс на „црвено-црните“, дефинитивно веќе имаат проблеми.