Како најава на денешното коло во Серија А, и првиот закажан дуел од 15:00 часот помеѓу екипите на Аталанта и Лацио претходеше вчерашната прес конференција на тренерот на Аталанта Џанпиеро Гасперини кој очигледно е многу незадоволен од тоа како функционира ВАР системот и како судиите едноставно се однесуваат во моментов, вкомпонирани со него.
„Судиските одлуки се едно, но ВАР е сосема нешто друго. Треба да се најде нормален компромис помеѓу одлуките. ВАР може да биде чисто судиско убедување, како нему му одговара во дадениот момент“ – изјави Гасперини па додаде.
„Поради ВАР ги изгубивме нервите, правиме врева, а кажуваме и по некој грд збор. Јас повеќе нема да реагирам смирено ако ВАР први грешки. ВАР е тука да помогне, а не да прави глупости поради кои ќе имаме оромни последици“ – рече кормиларот на Аталанта.
GETTY IMAGES