Кошаркарите на Гостивар го добија последниот меч вечерва од тековното 5. коло од домашната Прва лига. На гостувањето против Ангели, гостиварчани славеа со 74-88 и се искачија на врвот на табелата со четири победи по пет одиграни средби.
Гостивар одлично го отвори мечот и првиот период го доби со 10 поени предност, 25:15, по што следуваше серија на Ангели кои со одлична втора четвртина успеја да се приближат на само два поени негатива на пауза.
На стартот на вториот дел повторно блесок на гостите. Гостиварчани го одиграа својот најдобар период на средбата, инкасираа +18 и со тоа најавија дека ќе ги однесат бодовите во Скопје. Во последната четвртина домашните се потрудија да го ублажат поразот.
Силаџи со 20 и Ворку со 18 поени беа најефикасни кај Гостивар, додека Мендерсон ги предводеше „ангелите“ со 25 поени.
фото: KK Gostivar 1954 facebook