Кикинда добива ултра модерен стадион

1072

И додека Македонија се „дави“ во она што може слободно да се каже мизерна фудбалска инфраструктура во која често не можат да се пронајдат ама ниту основните услови за развој и перспектива на овој спорт во соседството дури и малите фудбалски средини добиваат објекти кои се во рангот на најсовремените во моментов.

Градот Кикинда (!?) во Србија чиј што истоимениот лигаш во моментов настапува во вториот ранг во Србија, гради комплекс стадион кој ќе биде секако еден од најубавите во регионот. Со близу 5000 капацитет и спореден објект во кој ќе има се што е потребно како пропратни инфраструктурни елементи Кикинда добива современ објект со што ќе има само мотив повеќе својот локален клуб да го издигне на највисоко можно ниво.

За разлика од нас, кои што имаме за цел единствено да ветуваме, и да чекаме некој нешто да ни направи по негова желба, (доколку ја има) во наша непосредна близина се има далеку поголема визија, а автоматски со неа многу бргу ќе пристигнат и резултатите односно успехот, кој доколку се вложува е неминовен и загарантиран.

 

ПретходноПМФЛ: На Работнички му “гори“, шампионот го дочекува Тиквеш, “пиратите“ против “гипсарите“…
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар на ФФМ против Гостивар, Воска со Тетекс, лидерот во Дебар!