Ливерпул против Лестер во 1/4 финалето на Карабао Купот!

169

Денеска се одржа ждрепката за 1/4 финалето во Карабао Купот ил Лига Купот во Англија. Најинтересна двојка е онаа меѓу Ливерпул и Лестер, се игра по еден натпревар. Европскиот шампион Челзи му гостува на Брентфорд, а интересно ќе биде на дуелот меѓу Тотенхем и Вест Хем. Се чини Арсенал ја има најлесната задача зошто за ривал го има третолигашот Сандерленд. Мечевите се играат на 20 декември. Полуфиналните мечеви се закажани во јануари следната година, тука ќе има реванши, додека големото финале е предвидено да се одигра на 27 февруари 2022 година.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕТО

ТОТЕНХЕМ – ВЕСТ ХЕМ

ЛИВЕРПУЛ – ЛЕСТЕР

БРЕНТФОРД – ЧЕЛЗИ

АРСЕНАЛ – САНДЕРЛЕНД

Претходно„Бомба“: Конте на чекор до “Камп Ноу“, а прв „пик“ на Јунајтед сега е Роџерс!
СледноСтоле – херојот на Рајо: Тешко е да се бранат пенали, но тоа се тренира!