Лирија во пет сета му нанесе прв пораз на Борец, Вардар со сет од Тетово

307

Големи возбудувања донесоа последните два вечерни дуели од 4. коло во Првата одбојкарска лига за мажи. Дури пет сета се играа на дуелот меѓу Лирија и ГОК Борец во салата на о.у. Гоце Делчев во Тетово, каде на крајот домашните успеаја да и се израдуваат на новите два бода, откако и во минатото коло одиграа маратонски меч во кој во пет сета славеа кај Јанта Волеј.

Меч во четири сета видовме и во салата „СС Млади“ во Тетово, каде Универзитет во Тетово со 3:1 го победи засилениот Вардар. Гостите одиграа одличен меч и имаа реални шанси да дојдат и до победата, откако тетовци првиот и четвртиот сет ги добија прилично тесно со 25:23.

Денеска убедливи победи остварија Штип УДГ против Јанта Волеј со 3:0, како и Весна Пробиштип која со истиот резултат го совлада тимот на Дибра Волеј на гостински терен.

Прва лига, мажи – 4. коло

Штип УДГ – Јанта Волеј 3:0 (25:22, 25:17, 25:20)

Дибра Волеј – Весна Пробиштип 0:3 (13:25, 12:25, 14:25)

Лирија – ГОК Борец 3:2 (25:23, 19:25, 18:25, 26:24, 15:11)

Универзитет во Тетово – Вардар 3:1 (25:23, 25:19, 20:25, 25:23)

Струмица 47&72 – Шкендија (понеделник, 17:00 ч.)

ПретходноСелекторот на Сиера Леоне заврши во затвор откако сексуално малтретирал фудбалерки
СледноКаков потег на Дурент, го фрли на земја противникот (ВИДЕО)