Наполи му го честиташе роденденот на Марадона

127

Наполи му го честиташе роденденот на големиот Диего Армандо Марадона кој денеска требаше да наполни 61 година. Славниот Аргентинец почина минатата година откако неколку пати завршуваше во болница поради здравствени проблеми. Бурниот живот очигледно скапо го чинеше некогашниот голем ас на фудбалот.

Борбата против пороците, зависноста од дрога и алкохол, турбулентниот живот полн со подеми и падови, ја одбележаа кариерата на највлијателниот играч во историјата на фудбалот.

Инаку славата Аргентинецот ја стекна во дресот на Наполи, кој денеска му го честиташе роденденот на „бесмртниот“ Марадона.

ПретходноАмановиќ со Тобол стана шампион на Казахстан!
СледноМаестрална акција на Шкендија и погодок на Рамадани (видео)