ОК Вардар се засили со хрватски интернационалец

209

Одбојкарскиот тим Вардар ги освежи своите редови со хрватски интернационалец. Станува збор за Иван Џирлич, кој игра на позицијата примач.

20-годишниот одбојкар кој е на поширокиот список на хрватската репрезентација доаѓа од тимот на ОК Младост Загреб со кого минатата сезона го освои тамошниот Куп во сениорска конкуренција.

Џирлич е голема одбојкарска надеж во Хрватска, во помладите категории има бројни медали, па ќе биде вистински засилување за „црвено-црните“, кои и оваа сезона имаат исти амбиции – да го освојат тронот.

ПретходноСупер атмосфера на ФФМ: Браво “Комити“, така се сака Вардар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Следно„Баварската машина“ запиша апсолутен рекорд во Бундес лигата (видео)