Полувреме во ПМФЛ: “Лавовите“ убедливи во Битола, води и Шкендија… (ВИДЕО)

180

Завршија првите полувремиња од петте денешни мечеви од 12.коло во ПМФЛ. Македонија ЃП со 0:2 води како гостин во Битола кај Пелистер. Прво фантастичен гол постигна Сефер Емини во 3.минута, додека водството го зголеми Кристијан Филиповски.

Маестрална акција на Шкендија и погодок на Рамадани (видео)

Води и Шкендија, по прекрасната акција на Дориев, Шаља и Рамадани, овој последниот ја тресеше мрежата на Тиквеш за 1:0. На останатите мечеви нема голови, Струга ТЛ имаше неколку шанси, но сепак не успеа да даде гол против “пандевци“. Во Велес домашните ја погодија и стативата, но сепак и таму немаше гол. Додека на “Автокоманда“ се води жестока битка, Селмани имаше супер шанса, но сепак остана резултатот 0:0.

ПретходноМаестрална акција на Шкендија и погодок на Рамадани (видео)
Следно„Топчиите“ влегоа во шема – го совладаа и Лестер во гости (видео)