По големата победа над Вардар“, битолчани со порака до Бабиќ (ФОТО)

3881

Сензација од Битола. Серијата на Вардар 1961 од осум победи во низа заврши токму во овој град. Вториот тим на Е.Пелистер го тресна актуелниот македонски првак, совладувајќи го со 27-26.

Ова не е било каква победа. Избраниците на Александар Јовиќ одиграа неверојатно добар натпревар, водеоа во текот на целиот дуел, противникот само на почетокот поведе со 0-1, а пред самиот крај успеа да израмни.

Битолската публика вечерва може да биде и тоа како задоволна. Во меѓувреме социјалните мрежи се исполнети со најразлични коментар, дел од нив се на сметка на скопјани, дел на сметка на Жељко Бабиќ и неговите момци.

Фановите му порачаа на Бабиќ да учи од Јовиќ и неговите ракометари, да видат како се игра против еден голем тим и како се победува.

 

ПретходноБУМ: Е.Пелистер 2 му одржа лекција на Вардар среде Битола
СледноРаботнички им се врати на победите: ТФТ падна пред најтрофејниот (ФОТО)