Секулов во Јувентус до 2025

213

Никола Секулов потпиша нов договор со тимот на Јувентус кој е важечки до 2025 година. Италијанецот со Македонско потекло засега настапува во У23 тимот на Јувентус и ја чека шансата која треба да му биде дадена кога станува збор за првиот тим.

Секулов со успех настапува во У23 конкуренцијата, каде што има забележано сезонава доста голови и асистенции, а на зима веројатно ќе замине и некаде на позајмица каде што ќе може својата кариера да ја крене на едно повисоко сениорско ниво. Тој сеуште настапува за италијанските младински селекции.

ПретходноАл Сад: Чави и натаму е наш тренер
СледноГасперини: ВАР ни ги „искина“ нервите, судиите свират што им текне