ВМФЛ – ЗАПАД: Блажевски и Петковски за убедлив Вардар, Воска и Силекс без проблеми…

951

Очекувани резултати во 9.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Победија фаворитите, иако на Вардар потешко од очекувањата. Имено до 83.минута на мечот со Гостивар, кој се одигра на ФФМ, резултатот беше 1:1, но потоа искусните Дејан Блажевски и Филип Петковски (од пенал) стрелаа за 3:1 и за нови три бода.

Супер деби на новиот стратег на Воска Спорт, Даниел Стојановски. Неговиот тим со 2:0 го победи Тетекс. Прво тетовци преку Јордановски си дадоа автогол, за да потоа Емини ги разреши сите дилеми за 2:0. Уште една важна победа на охриѓани за зацврстување на втората позиција на табелата.

Силекс со голот на Љамалари успеа да ги освои трите бода на тешкото гостување во Дебар, кај тимот на Кораби.

Беса и Кадино одигра без победник, 1:1, додека Велешта и Охрид одиграа исто 1:1 во локалното дерби.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 9.КОЛО

КОРАБИ – СИЛЕКС 0:1

ВАРДАР – ГОСТИВАР 3:1

ВОСКА СПОРТ – ТЕТЕКС 2:0

ВЕЛЕШТА – ОХРИД 1:1

БЕСА – КАДИНО 1:1

ТАБЕЛА

Силекс 25, Воска 21, Вардар 17, Кораби 14, Тетекс 11, Гостивар 9, Беса 9, Велешта 9, Кадино 6, Охрид 4 бодови…

Претходно„Горат“ социјалните мрежи поради оваа одбрана на Рамсдејл (видео)
СледноВМФЛ – ИСТОК: Слога (В) не запира, прилепска радост среде Струмица