Попладнево од 14 часот на програмата се сите пет натпревари од 9.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Вардар влезе во серија, на новиот тренер Никола Глигоров и тоа како му тргна, почнаа вардарци да собираат бодои, па така денеска на дуелот со Гостивар кој ќе се игра на ФФМ, домашниот тим е голем фаворит.
Воска Спорт со новиот тренер Даниел Стојановски, кој денеска ќе го има своето деби, не крие дека оди на победа против Тетекс. Целта е јасна, да се задржи високиот пласман во ВМФЛ – ЗАПАД, но и да не му се дозволи на Вардар премногу да се приближи.
Силекс го чека можеби најтешкото гостување есенва. Четата на Горазд Михаилов му оди на нозе на Кораби во Дебар. Тим кој што оваа есен игра добро, одлично и кој има ист број бодови како и Вардар.
Беса ја дочекува екипата на Кадино, стратегот Бујар Ислами се надева на три бода, додека Велешта игра против Охрид во месното дерби.
ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
КОРАБИ – СИЛЕКС
ВАРДАР – ГОСТИВАР
ВОСКА – ТЕТЕКС
ВЕЛЕШТА – ОХРИД
БЕСА – КАДИНО
ТАБЕЛА
1.СИЛЕКС 22
2.ВОСКА 18
3.ВАРДАР 14
4.КОРАБИ 14
5.ТЕТЕКС 11
6.ГОСТИВАР 9
7.БЕСА 8
8.ВЕЛЕШТА 8
9.КАДИНО 5
10.ОХРИД 3