Големи возбудувања донесоа последните два вечерни дуели од 4. коло во Првата одбојкарска лига за мажи. Дури пет сета се играа на дуелот меѓу Лирија и ГОК Борец во салата на о.у. Гоце Делчев во Тетово, каде на крајот домашните успеаја да и се израдуваат на новите два бода, откако и во минатото коло одиграа маратонски меч во кој во пет сета славеа кај Јанта Волеј.
Меч во четири сета видовме и во салата „СС Млади“ во Тетово, каде Универзитет во Тетово со 3:1 го победи засилениот Вардар. Гостите одиграа одличен меч и имаа реални шанси да дојдат и до победата, откако тетовци првиот и четвртиот сет ги добија прилично тесно со 25:23.
Денеска убедливи победи остварија Штип УДГ против Јанта Волеј со 3:0, како и Весна Пробиштип која со истиот резултат го совлада тимот на Дибра Волеј на гостински терен.
Прва лига, мажи – 4. коло
Штип УДГ – Јанта Волеј 3:0 (25:22, 25:17, 25:20)
Дибра Волеј – Весна Пробиштип 0:3 (13:25, 12:25, 14:25)
Лирија – ГОК Борец 3:2 (25:23, 19:25, 18:25, 26:24, 15:11)
Универзитет во Тетово – Вардар 3:1 (25:23, 25:19, 20:25, 25:23)
Струмица 47&72 – Шкендија (понеделник, 17:00 ч.)