Мбапе има посебно барање до неговиот иден клуб!

656

Килијан Мбапе, една од мега – ѕвездите во светскиот фудбал, на лето најверојатно ќе се пресели на “Сантијаго Бернабеу“. Не е тајна дека Реал Мадрид и газдата на “кралевите“ Флорентино Перез, имаат намера одново да направат тим од најголемите ѕвезди како Мбапе, Халанд, Погба…

Има шанси тој и да остане во ПСЖ, имено “светците“ нема така лесно да го пуштат па му нудат и двојно повеќе од она што Реал го дава. Во “игра“ е, според некои шпекулации, и Барселона, но тоа е научна фанстастика во овој момент.

Сепак, Мбапе каде и да оди, или ќе остане на “Паркот на Принцовите“, тој од својот клуб, иден или сегашен, ќе има посебно барање. А тоа е да може слободно да настапи за репрезентацијата на Франција на следните ОИ во 2024 кои ќе се одржат во Париз.

Ова барање го изнесе неговата мајка во интервјуто за француските медиуми.

Париз е роден град на Килијан и тој по секоја цена сака да игра на Олимпијадата, ништо не може да го спречи тоа да го стори“ изјавила мајката на Мбапе, која воедно и се грижи за неговата фудбалска кариера.

ПретходноЕкс-фудбалер на Порто и ЦСКА Софија почина од леукемија
СледноБУМ: Е.Пелистер 2 му одржа лекција на Вардар среде Битола