Денеска од 14 часот во Струга, во меч од 12.коло во ПМФЛ, домашниот тим на Струга Трим Лум ја дочекува силната Академија Пандев. Тоа е натпревар кој секако дека ќе биде во центарот на вниманието со оглед на тоа дека се среќаваат две квалитетни екипи, екипи кои преферираат напаѓачки фудбал.
Сухељ Мухарем, младиот напаѓач на стружани во пресрет на овој меч за клупската интернет страница изјави…
“Максимално сме подготвени за овој меч. Против Академија Пандев ќе влеземе со јасни цели. Верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе и дека успешно ќе ги реализираме сите поставени задачи на стручниот штаб и на крајот дека ќе дојдеме до победата. Свесни сме сите во клубот дека Академија Пандев има добра екипа, но ние веќе не смееме да `раздаваме` бодови, посебно не на домашен терен“ потенцираше Мухарем.
ФОТО: FC Struga FB