ПМФЛ: Кавадаречки ШОК за Шкендија, Работнички конечно победи…реми во Струга…(ВИДЕО)

780

Во меч од 12.коло во ПМФЛ, се случи сензација и тоа првокласна. Тиквеш одигра 1:1 среде Тетово, и тоа кај Шкендија, кај шампионот. Кавадарчани ветија дека ќе изгинат на теренот и тоа го остварија. Тетовци со супер – акција во првиот дел имаа водство од 1:0, но Урош Мирковиќ во 83.минута ги шокираше момците на тренерот Акраповиќ за голем, голем бод.

Македонија ЃП уште во првиот дел ги разреши сите дилеми во Битола. Успеа да победи со 0:2 на гостувањето кај Пелистер и да освои екстра значајни три бода.

 

Голем битка се водеше на Автокоманда. И Скопје и Ренова имаа шанси за победа, но сепак на крајот мечот заврши со тие почетни 0:0.
По цели пет меча без победа, конечно триумф и радост за Работнички. Со голот на Тодоровски во 63.минута, Работнички го освои Велес, го победи Борец. Сега полесно се дише во редовите на вториот наш најтрофеен клуб.

И покрај големата иницијатива, бројните шанси и желбата за победа, сепак Струга Трим Лум не успеа да дојде до трите бода против А. Пандев, меч кој заврши 0:0.. И дефинитивно се гледа дека на стружани им недостига класичен гол – играч, бадијала добрата игра и броините шанси

Вчера во дербито, лидерот Шкупи со 5:0 ја “торпедираше“ Брегалница. Следната сабота се играат мечевите од 13.коло.

РЕЗУЛТАТИ – 12.КОЛО

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0:1

(/Тодоровски 63.)

СКОПЈЕ – РЕНОВА 0:0

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2

(/Емини 3., Филиповски 37.)

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1:1

(Рамадани 44./Мирковиќ 83.)

СТРУГА – А.ПАНДЕВ 0:0

ВЧЕРА:

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 5:0

(Цветаноски 8., 58., Рубатубаје 28, Адетунџи 40., Алварез 63.)

ПретходноВинисиус со два гола му донесе победа на Реал во Елче (видео)
Следно„Горат“ социјалните мрежи поради оваа одбрана на Рамсдејл (видео)