Работнички и Наковски Волеј продолжија со победи

166

Одбојкарките на Работнички и Наковски Волеј продолжија со победничката низа во домашното одбојкарско првенство. Во денешните дуели од 4. коло, Работнички во Скопје беше пресилен за Пелистер совладувајќи го со 3:0, додека Наковски Волеј изненадувачки загуби еден сет на домашен терен во дуелот со амбициозната и млада екипа на Фит Фан Волеј.

Овие два тима остануваат со максимален ефект по четири одиграни коло. Во третиот меча денеска, екипата на Универзитет во Тетово со 3:1 славеше против екипата на Вардар и ја оствари првата победа оваа сезона.

Последниот дуел од ова коло е закажан в понеделник од 19.30 часот кога Струмица ќе ја пречека екипата на Јанта Волеј КВ.

Прва лига, жени – 4. коло

Наковски Волеј – Фит Фан Волеј 3:1 (26:28, 25:17, 25:14, 25:15)

Универзитет во Тетово – Вардар 3:1 (25:19, 25:21, 24:26, 25:23)

Работнички – Пелистер 3:0 (25:17, 25:8, 25:10)

Струмица – Јанта Волеј КВ (понеделник, 19.30 ч.)

ПретходноЕтеми поразен во првиот настап на СП во Белград
СледноАлегри со тешко признание: Јувентус е тим за средина на табелата!