Столе – херојот на Рајо: Тешко е да се бранат пенали, но тоа се тренира!

154

И дефинитивно оваа есен Столе Димитриевски е херојот на Рајо Ваљекано, на најпријатното изненадување во Ла Лига сезонава. Македонецот брани фантастично, Радамел Фалкао дава голови а Рајо победува. Така беше и во средата кога Столе му фати пенал на Депај а Рајо ја победи Барселона.

Па така Македонецот заслужи да биде во центарот на вниманието во шпанските медиуми.

Секако дека големо задоволство е да се победи еден гигант како Барселона. Играме добро, победуваме, среќен сум поради нашите фанови кои ни ја даваат поддршката. За пеналот што да се каже? Депај е голем играч, но јас ете, успеав да одбранам. Видете, тешко е да се бранат пенали, но тоа се тренира. Имаме посебни асистенти, тренери кои ни кажуваат разни поединости за тие што шутираат, сепак треба да се тренира“ вели Столе.

Инаку покрај другото, нашиот репрезентативен голман одговараше на прашањето и за тоа какви се шансите Македонија сепак да игра бараж за пласман на СП во Катар 2022.

Ни остануваат уште два меча во квалификациите. Се надевам дека ќе победиме и на двата. Од друга страна ни треба и малку среќа во однос на другите мечеви. Ќе биде тешко, но не и невозможно. Ех, навистина прекрасно би било кога по настапот на ЕП би играле и на СП, тоа би било фантастично, сон за сите во Македонија“ посочи херојот на Рајо и нашиот најдобар голман.

ПретходноЛиверпул против Лестер во 1/4 финалето на Карабао Купот!
СледноАмановиќ со Тобол стана шампион на Казахстан!