Тиквеш 2014 продолжува во ист ритам. Кавадарчани ја запишаа петата победа оваа сезона во Супер-лигата, откако на домашен терен го совладаа тимот на Струга со 28-25 во последниот меч од деветото коло.
Избраниците на Горан Андоноски направија скок на табелата од едно место, по оваа рунда ќе се најдат на шестата позиција, пред Охрид, на два бода зад Бутел Скопје.
Кавадарчани видоа мака на оваа средба. Беа добри во првиот дел, имаа предност од 13-9, на одморот беше 13-11. По овој резултат, стружани се вратија во дуелот, 14-16 и 15-17. Со серија од 4-0, кавадарчни одново се издигнаа, дојде на плус два 19-17 и до крајот не дозволија нов пресврт.
Симиќ беше реализатор на девет гола, Дрогришки на седум. На другата страна Блажевски имаше пет погодоци.