Фудбалерите на Арсенал забележаа победа на гостувањето кај Лестер во Премиер лигата. „Топчиите“ ја продолжија серијата на седум првенствени меча без пораз, односно девет натпревари севкупно без да загуби.
Габриел и Смит Роув во 5. и 18. минута ја затресоа мрежата на Лестер и водството од 0:2 момците на Микел Артета го задржаа до крај на мечот. Голманот Арон Рамсдејл имаше неколку одлични интервенции со кои го одбрани Арсенал од нападите на „лисиците“.
Арсенал сега има скор од 5 победи, 2 ремија и 3 порази и имаат 17 бода. Лестер падна на 10-тото место со тенденција да падне уште подоле со оглед дека треба да се одиграат уште неколку натпревари од 10-тото коло во Премиер лигата.
ГОЛОТ НА СМИТ РОУВ НА ОВОЈ ЛИНК