На маките на Хамес Родригез им нема крај. Колумбиецот отиде во Катар да си ја пронајде среќата и воедно да си ја поврати формата и самодовербата по непријатните авантури во Евертон и во Реал Мадрид. По неколку сезони Хамес одлучи да не ја грее повеќе клупата на Реал туку да игра за Ал Рајан во Катар. Минатото коло го постигна првиот гол во победата над Ал Салија со 4:2, а синоќа запиша и асистенција во мечот со Ал Араби. Но во финишот на мечот колумбискиот интернационалец „здиве“. Доби жолт картон, а потоа му се пушти на судијата барајќи објаснување. Иако му беше речено да се повлече, Хамес упорно се расправаше со судијата па соиграчите го спречија да не му се фрли и да го истепа. Судијата му покажа уште еден жолт картон и го исклучи од натпреварот.
Things not going so well for James Rodriguez in Qatar pic.twitter.com/NVezq26Dm4
— The Toffee Blues (@EvertonNewsFeed) October 30, 2021