Адресата на Лазаров полна со понуди иако планира пензија!

1838

Кирил Лазаров ја игра последната сезона во својата богата кариера. Македонската ракометна иднина ќе се пензионира во дресот на Нант на 41. година. Кире оваа одлука ја одложи лани поради пандемијата коронавирус.

Иако речиси е сигурен дека ќе се повлече од терените, тој откри дека на неговата адреса и натаму има понуди од клубовите ширум Европа.

„Можеби ќе ви звучи смешно. И лани беше така, се уште имам понуди да играм. Немам понуди од најдобрите европски клубови, но добро е чувството кога те бараат. Иднината не можеш да ја предвидиш, јас имам идеја и концепција и ќе се држам според неа. Кариерата најмногу ја продолжив поради ковидот, не сакав да се опростам во празна сала. Нант е клуб на иднината“, изјави Лазаров. 

ПретходноЛазаров: Ме радува победата на Е.Пелистер 2! Треба да се пофали РФМ бидејќи ги врати Вардар и Е.Пелистер!
СледноХамес се обиде да натепа судија, па доби црвен картон (видео)