Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри одлучил да превземе сериозни мерки по двата порази изминатата недела со по 1:2 од Сасуоло и од Верона. Според италијанските медиуми Алегри ќе го носи тимот во карантин до идната сабота. Тоа значи дека на фудбалерите нема да им биде дозволено да се приберат дома и да се со семејствата. Место тоа ќе останат во клупската база „Континаса“ каде има хотел. Идната седмица „Старата дама“ ќе игра со Зенит во Лигата на шампионите (вторник), а потоа против Фиорентина во Серија А.
Истите мерки ги примени Маурицио Сари по поразот на Лацио од Верона со 1:4. Тоа даде ефект затоа што наредниот меч „орлите“ ја победија Фиорентина со 1:0 и првпат сезонава ја сочуваа мрежата.