Белазелкоска и Младеновска со сребро на европскиот шампионат!

141

Македонската репрезентација во традиционално карате на вториот ден од европскиот шампионат освои уште две сребрени медали.

Антонија Белазелкоска освои второ место во фукуго за јуниорки и Мила Младеновска второ место во фукуго за кадетки.

Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција но за жал не успеаја да дојдат до медал.

Утре е последен ден од ЕП во Белград каде ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Бојан Богдановиќ.

ПретходноТутомеркато: Конте се враќа во Премиер-лига, но не во Јунајтед
СледноПогба се враќа во Италија за плата од 12,5 милиони евра