Битолска доминација: Пет од пет за Пелистер, падна и Еуро Никел

135

Кошаркарите на Пелистер го остварија и петтиот триумф во новата сезона од домашното кошаркарско првенство. Вечерва на пресметката со Еуро Никел во Кавадарци, битолчани дојдоа до тешка победа со која ја продолжија победничката низа без пораз. Пелистер славеше со 90:85 во еден исклучително возбудлив меч.

Предводени од расположениот Џeкиќ кој првиот дел го заврши со 15 поени, кошаркарите на Еуро Никел успеаја на го добијат првиот дел од мечот со 5 кошеви предност (43:38). Битолчани одиграа очајна прва четвртина во која домашните направија +10, па во вториот период мораа да се вадат и да ја анулираат негативата.

Сепак, отворањето на второто полувреме беше многу поразлично. Триото Кесар, Младеновски и Караџовски влегоа во извонредна серија од 10:3 за „зелените“ и со тоа комплетно ја анулираа негативата, па дури и дојдоа во водство (46:48), пред домашните да побараат минута одмор. Битката се разгори, откако и двата тима влегоа во егал. Сепак, битолчани имаа помирна рака во завршницата на третиот период и успеаја да дојдат до предност (63:67).

Џекиќ и Соколов на стартот на последната четвртина успеваа да ги одржат домашните во егал, не дозволувајќи му на Пелистер да се одлепи. Сепак, „зелените“ покажаа дека имаат тим за највисоки дострели оваа сезона, па во средината на четвртиот период успеаја да направат серија од 0:8 и да дојдат до предност од 71:79. Иако домашните успеаја да се одржат, сепак разликата во полза на гостите им донесе одличен влез во последните 2 минути (79:86). Еуро Никел се врати со 6:0 за 85:86 во последната минута, но гостите беа поприсебни во финишот и успеаја да дојдат до победа.

Малешевиќ заврши како прв стрелец кај победниците со 18 поени, исто колку што имаше и Џекиќ кај домашните.

ПретходноПроблеми за Бин Салман: Никој не сака да биде тренер на Њукасл!
СледноБорусија (Д) против лидерот на „Цвајте“ во осминафиналето на Купот