Борусија Дортмунд ќе гостува во Сент Паули во осминафиналето од Купот на Германија. Најголемиот фаворит за трофејот во германскиот национален куп, откако во минатото коло беше елиминиран Баерн (М), доби одличен ривал на патот до четврфиналето.
Сент Паули е лидер во Втората Бундеслига и е амбициозен да избори пласман во елитното друштво следната сезона. Пред своите навивачи второлигашите ќе направат вистинска фешта во обид да го изненадат фаворитот од Дортмунд.
Борусија Менхенгладбах, која пред неколку дена го исфрли Баерн (М) со сензационални 5:0, во следната рунда ќе игра против второлигашот Хановер 96.
Оваа фаза од турнирот ќе ја одбележи и градското берлинско дерби меѓу Херта и Унион Берлин. Натпреварите ќе се играат на 18 и 19 јануари.