Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ со денешниот хет-трик на мечот со Специја успеа да испише нова страница од клупската историја на „виолетовите“.
Српскиот голгетер со овие три гола дојде до бројката од 25 гола оваа календарска година во Серија А. 21-годишниот Влаховиќ успеа да го надмине рекордот на легендата на клубот, Лука Тони, кој во една календарска година (2006) успеа да постигне 24 гола.
Влаховиќ стана вториот играч во клупската историја кој постигнал 25 гола во Серија А во една календарска година. Претходно тоа му успеа на Швеѓанецот Курт Хамрин (25 во 1959 година и 27 во 1960 година).