Тимот на Манчестер Сити вчера по малку шокирачки загуби на домашен терен од Кристал Палас со 0:2. Јавноста е во неверување, затоа што Сити реално не смее да си дозволи вакви киксеви особено не на домашен терен во ситуација кога и Челзи и Ливерпул се на врвот на табелата па „Граѓаните“ имаат пет односно два бода негатива.
„Примивме рано гол, по што игравме цврсто до крајот на полувремето, но дојде исклучувањето на Лапорт, и некои други судиски одлуки. Во ситуацијата со Лапорт судијата можеше да покаже жолт или црвен картон, но реши да биде црвен“, изјави Гвардиола па додаде:
„Навивачите ни помогнаа, но за жал нашиот противник постигна гол од никаде. Беше тешко 10 против 11. Иако покажавме карактер, сепак, ништо не се случи“, рече Пеп.
На крајот од својата изјава Гвардиола го пофали начинот на кој се бранеше Кристал Палас на овој меч, и му ја честиташе победата на гостинот на овој меч.