Дурент ја „рогна“ во трибини, па доби казна од 25.000 долари (ВИДЕО)

214

Тимот на Бруклин Нетс синоќа обезбеди домашен триумф над тимот на Индијана со конечни 105:98. Уште една победа во низа на еден од фаворитите за титулата сезонава, и тим кој е преполн со звезди на кои не ретко им е дозволено се и кои што можат да си приуштат и глупост вредна 25.000 долари.

Кевин Дурент, во еден момент грубо беше фаулиран и наместо мирно да застане на линијата за слободни фрлања, тој реши да го „рогне“ баскетот во трибините. За волја на вистината тоа го направи со рака, но сепак, тоа е недозволиво, па си доби казна од 25.000 долари.

 

ПретходноПогба се враќа во Италија за плата од 12,5 милиони евра
СледноСолскјер до навивач: Почекај да го завршам интервјуто, па после навредувај ме (ВИДЕО)