Роналд Куман не се прослави во Барселона, челниците на клубот донесоа одлука да му врачи отказ по поразот од Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски.
По разделбата со каталонскиот гигант, „Мондо Депортиво“ тврди дека тој ќе ја заврши својата кариера.
„За сега размислува само за тоа, но ќе видиме што ќе се случи“, пишува овој медиум.
Марка нешто порано објави дека претседатлот на Барса, Жоан Лапорта уште на патот кон дома му ја соопштил својата одлука на Куман, на негово место застана Серхи Бархуан, кој е привремено решение.
Но, ниту овој потег не промени ништо, Барса одигра 1-1 против Алавес на својот стадион.
Сето ова го стави под знак прашалник квалитетот на играчите, дали навистина е проблемот во Куман или пак во силите со кои располага каталонскиот гигант.