Лазаров: Ме радува победата на Е.Пелистер 2! Треба да се пофали РФМ бидејќи ги врати Вардар и Е.Пелистер!

2335

Македонската ракометна репрезентација од денеска ја почнува мисијата ЕП 2022 година. Селекторот, Кирил Лазаров ја изврши прозивката, а тимот ќе биде комплетен дури утре, тројца интернационалци имаат обврски со своите клубови.

За време на ЕХФ-неделата Лазаров и неговите момци ќе одиграат два пријателски натпревари против Египет на гости, истите се закажани на 4. и 6. ноември.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим е задоволен од она што го виде во квалификациите, но верува дека има простор за напредок.

„Со мојот стручен тим направивме комплетна анализа од четирите натпревари од квалификациите за ЕП, кои се добри работи кои се лоши работи, имаме јасна идеја како да одиме напред, што да работиме за да го дочекаме Европското првенство спремни. Задоволен сум од тие мечеви, но има простор за напредок. Мора да бидеме трезвени, ни престои голем предизвик. Кога баравме противници за оваа ЕХФ недела, не беше лесно со конекциите, прва опција ни беше Шпанија, но конециски добро. Но и втората опција, Египет е повеќе од добра, сепак играа полуфинале на ОИ. Клише е да кажам дека резултатот не ми е важен, се ми е важно. Тоа ќе биде само изговор, иако нема да се оптеретуваме, но најважно е да одработиме во најдобар ред. Ќе се базираме на два сегменти, не можеме да опфатиме се за да не изгубиме глава, се надевам дека кога ќе се собереме ќе имаме јасна слика за да се надоградиме, за да изгледаме сериозно пред сериозен предизвик. Едно е квалификации, едно е Европско првенство“, изјави Лазаров.

Селекторот не заборави да го поздрави триумфот на Е.Пелистер 2, потенцира дека на Македонија и се потребни проекти како битолскиот тим и како Алкалоид. Тој ја поздрави и одлуката на РФМ да ги врати Вардар и Е.пелистер во домашното првенство.

„Ме радува победата, допрва ќе ме радува. Проекти како Е.Пелистер 2 и Алкалоид. Не дека сум дел од ракометна федерација, туку треба да се пофали нивната одлука да ги внесат Вардар и Е.Пелистер во домашно првенство. Ако не беше така, ова немаше да се случи и немаше да го имаме ова задоволство што го имаме сите, јас како селектор и вие како медиуми. Без натпревари не можеш да се напредува. Треба да бидеме свесни дека ова е процес, тие деца пред недела дена изгубија од Тиквеш дома, па го победија Вардар. 

Имав искуство со кадетската репрезентација. Полесно е да се работи со професионалнци, отколку со млади категории. Затоа европските федерации поставуваат сериозни тренерски имиња. Можеме да кажеме дека Вардар не бил мотивиран, но треба да им се честита“, коментира предводникот на нашиот најдобар национален тим.

Младите допрва треба да го убедат Лазаров дека се психолошки подготвени да се носат со репрезентации како Данска, Словенија и Црна Гора.

„Овие ЕХФ недели служат да видиме до каде се, треба да ме убедат. Мечеви како Словенија, Црна Гора и Данска, може да се случи психолошки пад ќе те чинат победа. Затоа уфрлуваме новитети, затоа имаме резерви да бидат подгтвени за моменталните потреби. Нема да се жалиме, но немаме таков, Дејан е Дејан, тој допринесува, ја зема топката и ти носи победа“. 

ПретходноАлегри ќе ги примени мерките на Сари по двата порази по ред
СледноАдресата на Лазаров полна со понуди иако планира пензија!