Лазаров прозива, Египет ќе ја даде сликата за Дебрецин

294

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска (14 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе прозива во рамките на ЕХФ-неделата која ќе биде вовед на подготовките за Европското првенство следната година.

Лазаров објави список од 22 ракометари, плус десет резервни имиња. Македонија ќе одигра две пријателски средби против Египет на гостински терен истите се закажани за 4. и 6. номеври.

Во составот на нашиот национален тим нема да биде Дејан Манасков, кој се здоби со тешка повреда. Тој нема да биде на располагање за континентанлното натпреварување, па Лазаров ќе има вистинска шанса да ги тестира неговите замени.

Македонија на ЕП 2022 година ќе игра во групата во Дебрецин, а за противник ќе ги има селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора.

ПретходноГвардиола: Една грешка не чинеше цел натпревар
СледноСерхи: Резултатот не е реален, заслуживме да победиме