Фудбалерите на Милан држат чекор со Наполи откако вечерва го добија големото дерби со Рома на гостински терен и стигнаа до десетатат победа сезонава со која се израмнија со наполитанците на челната позиција во Серија А.
Милан славеше со 2:1 на гостувањето кај „волчицата“ потврдувајќи дека годинава се сериозен конкурент за Скудетото. Фантастичниот Ибрахимовиќ со прекрасен гол во 26. минута од слободен удар ги донесе гостите во водство со кое се замина на пауза.
Во вториот дел Ибра погоди уште еднаш во голот на Руи Патрисио, но голот беше поништен поради офсајд. Сепак, само 7 минути по овој гол, Кеси од белата точка зголеми на 2:0 и најави нова победа на „росонерите“.
Во 66. минута Милан остана без Ернандес кој доби втор жолт картон и беше исклучен. Рома успеа да ја искористи играчката предност многу доцна, откако во 93. минута Ел Шарави намали на 2:1.