Муниаин во продолжението ја скрати радоста на Сосиедад во баскиското дерби

106

Со голот на Муниаин во 91. минута, Атлетик Билбао успеа да се спаси од пораз на големото баскиско дерби на гости кај Реал (С). Исак од пенал ги доведе фудбалерите на Реал Сосиедад во водство, кое домашните го одржуваа до самиот крај на мечот.

Сепак, упорноста на гостите кои играа и со играч помалку по исклучувањето на Иниго Мартинез им се исплатеше и во финишот се изборија за реми.

Реал Сосиедад има бод предност пред Реал (М) и Севиља, но има и натпревар повеќе на врвот на Ла Лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМилан во чекор го следи Наполи: „Росонерите“ триумфално на „Олимпико“ (ВИДЕО)
СледноБен Симонс се враќа во дресот на Филаделфија на 13 ноември?