FOTO> Twitter/Lega Serie A
Во попладневниот термин во Серија А се одиграа четири натпревари. Прво Интер со 2:0 го совлада Удинезе, а од 15 часот почнаа три други дуели. Џенова одигра без голови со Венеција што е нивни осми меч во Серија А без триумф.
Џеновјаните имаа повеќе од играта, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го одигра првото полувреме, а во шестата минута имаше шанса која не ја претвори во гол. На полувреме тој остана во соблекувалната, а на негово место влезе Каиседо.
На другите натпревари, Фиорентина со 3:0 славеше над Специја, а головите беа дело на Душан Влаховиќ. Емполи ги однесе бодовите од гостувањето кај Сасуоло со тоа што победи со 1:2 со пресврт во второто полувреме.
Standings provided by SofaScore LiveScore