Проблеми за Бин Салман: Никој не сака да биде тренер на Њукасл!

186

Бадијала многу пари, бадијала големиот и амбициозен проект, сепак досега никој, ама баш никој од елитните тренери не сака да седне на клупата на сега веќе пребогатиот Њукасл.

Досега Бин Салман го откачија Жозе Мурињо, Антонио Конте, Стивен Џерард, Ерик Тен Хаг, Андреа Пирло, Брендан Роџерс, Зинедин Зидан…

Њукасл му даде отказ на Стив Брус, нуди плата на годишно ниво и од 11 па до 15 милиони евра, но ете, сега засега нема тренер. Пред два дена се појави информација дека тоа би можело да биде Џенаро Гатузо, но дали навистина тој е решение за амбициите на Бин Салман, е тоа е навистина големо прашање.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Бадијала и нервозата на Мане!
СледноБитолска доминација: Пет од пет за Пелистер, падна и Еуро Никел