Реакција од ПСЖ: Не можете така да зборувате за Меси, Нејмар, Мбапе или нашиот тренер

390

По трансферот на Лео Меси од Барса во ПСЖ, парискиот клуб постојано е на удар на јавноста при секој лош резултат на теренот. Тоа не им се допаѓа на челниците па излегоа со коментар. Спортскиот директор Леонардо е свесен дека тимот не е на високо ниво, но рече дека не ги разбира престрогите критики и дека тоа најголемите ѕвезди не го заслужиле.

Леонардо застана во одбрана на Меси кој изминатите три месеци повеќе беше со репрезентацијата на Аргентина отколку со клубот.

Меси помина повеќе време со репрезентацијата на Аргентина отколку со нас. По толку многу патувања, нормално е дека постои проблем“, изјави Леонардо кој додаде дека не му се допаѓаат некои наслови во медиумите, како и коментарите дека одбраната на ПСЖ е очајна.

Не сум загрижен… Луѓето мислат дека не знаеме ништо за играчите и дека тие си прават што ќе посакаат, но тоа не е вистина. Ако не им оди, разговараме со нив и бараме решение. Не можете така да зборувате за Меси, Мбапе и Нејмар, па дури и за Рамос. Знаевме дека има проблем кога го донесовме, а од таа причина не ми се допаѓаат критиките на наша сметка. Можете да кажете дека не сме добри, но некои коментари се престроги. Зборовите дека нашиот тренер нема поим од фудбал или дека некои играчи што ги донесовме се очајни, тоа апсолутно нема смисол. Некои луѓе изгледа сакаат да се прослават преку ПСЖ“, додаде Леонардо.

Точно е дека треба да напредуваме. Оваа ситуација е нормална со оглед на тоа што се случи, некои играчи дојдоа во финишот на преодниот рок се случија и големи промени. Не сме таму каде што сакаме да бидеме, но тимот работи напорно и тоа е најважно“, рече Бразилецот.

ПретходноНов голем успех: Осма европска титулата за Дејан Недев на ЕШ во Белград!
СледноАугсбург го “торпедираше“ Штутгарт!